Австралија опен ќе добие нова шампионка, Медисон Кис е елиминирана!

Актуелната шампионка на Австралија опен, Медисон Кис загуби од сонародничката Џесика Пегула во осминафиналето.

Пегула релативно лесно го доби мечот со 6-3 и 6-4 и се пласира меѓу најдобрите осум тенисерки на Австралија опен.

Во четвртфиналето ќе игра со Анисимова која во два сета беше подобра од кинеската тенисерка Ванг Ксин.

Најголем фаворит за освојување на круната е Арина Сабаленка.