Вардар ја зголемува аргентинската колонија со офанзивен фудбалер!? (ВИДЕО)

Вардар е во преговори со 28-годишниот аргентински фудбалер Хоакин Торес кој во моментов е слободен играч.

Станува збор за офанзивен фудбалер кој настапува и на двете крилни позии. Потекнува од школата на Њуел Олд Бојс за кој и дебитирал во сениорска конкуренција.

Таму играл шест години пред да замине во странство. Има настапувано и во МЛС, во тимовите на Монтреал и Филаделфија Унион.

Со Торес се водат активни преговори, наводно тој прифатил да го облече црвено-црниот дрес, но останува да се прецизираат уште некои детли.

Ако позитивно завршат преговорите со Торес, тој би бил четвртиот Аргентинец во составот на Вардар.