Наполи демолиран во Торино: Јуве ита кон топ-4 (ВИДЕО)
Торинскиот тим поведе со голот на Давид во 22. минута по убавата асистенција на Локатели. Во 77., Јилдиз го зголеми водството на 2-0, откако Мирети брилијантно го проигра, а конечниот резултат го постави Костиќ во финишот со прецизен шут по земја од повеќе од 20 метри.
Јувентус со оваа победа скокна на четвртото место со 42 бода, исто колку и петтопласираната Рома, која игра против Милан вечерва, додека Наполи е трет со бод повеќе. Интер е на врвот со 52 бода, шест повеќе и натпревар повеќе од второпласираниот Милан.
Во екипата на Наполи, по долга пауза се врати Ромелу Лукаку кој го одигра првиот натпревар сезонава, но немаше голем придонес во играта. Сите 90 минути на теренот ги помина македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.