Спектакл во Лондон: Емирејтс конечно падна, Јунајтед прв го освои (ВИДЕО)

Откако минатата недела го растури градскиот ривал Сити, Манчестер Јунајтед вечерва оствари уште една спектакуларна победа откако на Емирејтс беше подобар од лидерот на табелата во Премиер лигата, Арсенал.

„Ѓаволите“ славеа со 3-2, нанесувајќи му го на лондонскиот тим првиот пораз на домашен терен оваа сезона. Спектаклот беше решен во последните моменти од основниот дел откако претходно двете екипи по еднаш беа во водство.

Лисандро Мартинез го отвори резултатот во 29. минута откако ја погоди својата мрежа за водство на Арсенал со 1-0. Осум минути подоцна Мбеумо израмни, а Доргу на стартот на вториот дел го комплетираше пресвртот и го донесе Јунајтед во водство. На второто израмнување се чекаше до 84. минута кога на свој типичен начин, Арсенал успеа да израмни по еден корнер кој во гол го претвори Мерино.

Сепак, радоста на домашните навивачи кратко траеше, три минути подоцна Куња сок прекрасен удар го погоди долниот лев агол од голот на Арсенал за нова голема победа на Јунајтед која го носи тимот на четвртата позиција на табелата.

Ова беше трет меч по ред без победа за Арсенал, во овој период „топчиите“ освоија само два бода и сега имаат четири повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, на 15 кола пред крајот на сезоната.