Пелистер загуби од Борац Бања Лука, Башкими убедлив против Рудар Плевља
Пелистер се сретна со Борац Бања Лука на контролен меч кој се играше во Анталија.
Битолчани загубија со 0-2, двата гола ги примија во второто полувреме.
За разлика од Пелистер, Башкими извојува победа откако во Хрватска го совлада второлигашот од Црна Гора Рудар Плевља со убедливи 3-0.