Шифрин испиша историја во Чешка, Фелер мајсторски извозе во Кицбил (ВИДЕО)
Американката со ова стана најуспешната скијачка во историјата на натпреварувањето во една дисциплина. Прашањето на победникот беше решено уште по првото возење, каде што Шифрин изгради убедлива предност, а во финалето ја потврди доминацијата со вкупно време од 1:37,59 минути. Тоа беше нејзина седма победа во осум слаломски трки оваа сезона, со што уште еднаш покажа дека моментално нема вистинска конкуренција во техничката дисциплина.
Со новиот трофеј, Американката испиша златна историска страница во 60-годишното постоење на Светскиот куп, станувајќи првиот скијач – без разлика на пол – со девет титули во иста дисциплина. Досегашниот женски рекорд го држеше Линдзи Вон со осум глобуси во спуст, но и тој сега е надминат.
Во машка конкуренција, пак, денешната слаломска трка во Кицбил донесе победа за Австриецот Мануел Фелер, кој славеше пред домашната публика со време од 1:40,60 минути. Швајцарецот Лоик Мејар, иако водеше по првата трка, мораше да се задоволи со второто место со заостанување од 0,35 секунди, додека трет заврши Германецот Линус Штрасер (+0,53 секунди). Во најдобрите шест се пласираа и Лукас Пинејро Бротен од Бразил, Финецот Едуард Халберг и Белгиецот Арман Маршан.