Атлетико Мадрид со рутинска победа продолжи да им „дише во врат“ на Реал и Барса (ВИДЕО)
Составот на Диего Симеоне стигна до вкупно 44 бода и останува на третото место, веднаш зад Реал Мадрид (51) и Барселона (50), продолжувајќи ја трката за највисок пласман. Гостите беа начнати уште во првото полувреме, откако во 22. минута, по ударот на Марко Љоренте од волеј, топката заврши кај Александер Серлот, кој ја искористи одбиената интервенција на голманот Роман и го отвори резултатот. Дефинитивната разрешница дојде во финишот на средбата, кога по нафрлување на Љоренте, дефанзивецот на Мајорка Давид Лопез несреќно реагираше и си постигна автогол.
Конечните 3-0 ги постави Тијаго Алмада, кој со овој погодок стави крај на голгетерскиот пост што траеше од почетокот на ноември, кога последен пат се запиша во стрелците против Севиља.