„Го сакав Пењароја, ме одби поради жена му“

Претседателот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанај изјави дека тренерот на Партизан, Жоан Пењароја бил прв фаворит за тренер на израелскиот клуб, пред да биде ангажиран Димитрис Итудис.

По поразот на Хапоел од Партизан во Минхен по величествениот пресврт на „црно-белите“ во продолжение, Јанај ги откри деталите од преговорите со шпанскиот стручњак.

„Пењароја беше еден од кандидатите што ги имавме за замена на Дани Франко. Тој беше подготвен да ја прифати понудата, но неговата сопруга не сакаше да дојде во Израел за време на војната, па се одлучивме за Итудис. Разговарав со Пењароја по натпреварот и мислам дека беше одличен меч. Натпревари како овој се една од причините зошто ја сакаме кошарката. До самиот крај не беше јасно како ќе заврши дуелот“, рече Јанај.

Пењароја дојде во Партизан во неблагодарен момент, откако си замина Жељко Обрадовиќ, а самиот тој ја почна оваа сезона на клупата на Барселона.