Навивачи на Ц. Звезда направиле хаос во Шведска – удриле по хулиганите на Малме (ВИДЕО)
Натпреварот, сепак, го засени големиот инцидент што се случи ноќта пред дуелот, во кој на улиците на Малме дошло до жесток навивачки судир во кој учествувале популарните „Делии“. На видеа што кружат по социјалните мрежи се гледаат поголеми групи навивачи, како и брутална тепачка, а засега не е целосно јасно со кого точно дошло до конфликтот. Подоцна беше потврдено дека пет навивачи на Ц. Звезда се приведени по судир со приврзаници на домашниот клуб. Според локалните власти, инцидентот не е поврзан со хрватските навивачи кои престојуваат во градот поради ракометниот меч на Европското првенство што истата вечер се играше во Малме.
Приведените навивачи нема да добијат дозвола да присуствуваат на натпреварот, ќе бидат казнети парично и депортирани во Србија.