„Детето на Металург“ блесна на ЕП, па доби богата понуда од големиот Веспрем!
Тој ги направи првите професионални чекори токму во клубот од Автокоманда, каде настапуваше и во Лига на шампионите, но по финансискиот колапс на Металург и кратката епизода во Охрид, реши да ја продолжи кариерата надвор од македонскиот ракомет. Сезонава 22-годишниот бек блеска во редовите на Војводина, со што си обезбеди и место во српската репрезентација за ЕП 2026, каде што одигра одлично, за што доказ е изборот за МВП во големата победа на Србија над Германија.
Токму тој меч беше клучна препорака за челниците на Веспрем, кои веќе ги интензивирале преговорите со Војводина со цел трансферот да се реализира уште во текот на зимскиот преоден рок. Тренерот Чави Пасквал во Додиќ гледа играч што може веднаш да даде придонес, но и долгорочно решение за иднината на клубот. Унгарците, според најавите, се подготвени да платат околу 150.000 евра за да го осигура потписот на српскиот интернационалец, а сигналите од Србија укажуваат дека Војводина нема намера да го блокира трансферот.