Претстои лудо последно коло во Лигата на шампионите - ќе одлучува и гол разликата

Освен Арсенал и Баерн, ниедна друга екипа се уште не успеала да обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

За овие два тима одморот од елитното натпреварување може да почне и ќе трае до март бидејќи последното коло од лигашкиот дел е само формалност, а нема да учествуваат во плејофот идниот месец. За другите шест места кои водат во осминафиналето, ќе се води жестока битка идната недела.

Standings provided by Sofascore

Во блага предност се Реал и Ливерпул кои ги држат третото и четвртото место, петтопласираниот Тотнем има гостување кај отпишаниот Ајнтрахт, а потоа следува пеколот. Осум екипи, од шестото до 13. место се со 13 освоени бода и во последното коло ќе се борат за местата што носат директно во осминафиналето. Тука ќе одлучува гол-разлика, во најголема предност е ПСЖ кој има +10 и го пречекува Њукасл во единствениот директен дуел, Челси го очекува тешко гостување кај Наполи кој се уште има шанси за пласмнан, а се чини дека најлесна работа има Барселона која е деветта и го пречекува Копенхаген. Каква било победа, најверојатно ќе го однесе каталонскиот тим меѓу осумте најдобри.

Интересно ќе биде и во борбата за плејофот бидејќи пет екипи се со по осум бода, од 22. до 27. место, пред нив три со по девет, а зад нив и Бриж со седум. Последното коло се игра на 27 и 28 јануари.