Белица се врати во Работнички
Белица за Работнички играше од 2010/11 како и од 2023 до јануари 2025 кога замина во Шкендија. Тој во меѓувреме го раскина договорот со тетовскиот клуб и сега повторно се враќа во тимот од Дебар Маало.
35-годишниот Белица треба да биде значајно засилување за Работнички во дефанзивната линија.
Работнички е претпоследен на табелата со мали шанси за опстанок, но во јануари носат неколку засилувања кои даваат надеж за подобри настапи во пролетниот дел од сезоната.