Червар: Македонија играше одбрана како никој досега, Лазаров ја прочитал мојата книга
Червар кажа дека македонскиот селектор Кирил Лазаров добро ја прочитал неговата книга „Ракомет - пат до врвот и тајните на успехот“.
„Мојата книга очигледно ја прочитал и Лазаров и добро ја проучил. И тој заедно со еден врвен ракометар, Кузмановски, кој порасна кај мене во Металург, успеа да ја држи на праг на елиминација една Португалија, која вчера славеше против Данска. Да не му паднеше топката од рака двапати, Португалија ќе беше елиминирана“, кажа Лино.
Поранешниот тренер на Металург и екс-селектор на Македонија имаше и пофални зборови за одбраната на нашата репрезентација на ЕП.
„Тие играа одбрана каква што никој досега не играл, како што предлагам во книгата. Така ги запреа браќата Коста. Македонија играше проактивно. Имаме два начина на проактивна одбрана - со 5-1 од најсовремен тип како што предлагам во книгата и 5-1 од 2003-2004 година, но и таа против Французите минатата година“, посочи Червар.
Македонија со еден триумф, реми и пораз го заврши настапот на ЕП.