Бејл знае зошто Алонсо доби отказ: Во Реал не треба да сте тренер
Велшанецот кој во кариерата пет пати ја освојуваше Лигата на шампионите со „кралевите“ истакна дека во Мадрид треба да се управува со егото во соблекувалната.
„Тој е неверојатен тренер. Освои многу со Баер Леверкузен, екипата ја водеше многу добро. Но, кога ќе дојдете во Реал не треба да сте тренер, треба да сте менаџер. Треба да управувате со егото“, истакна Бејл.
Отказот за него не бил изненадувањее.
„Целосно разбирам како Реал Мадрид функционира и ако нема резултати, не треба многу време да заминеш“, јасен беше Бејл.