Енрике: Фудбалот е неправеден, ѓубре, с*ање од спорт!

ПСЖ синоќа доживеа пораз на гостувањето кај Спортинг во Лисабон во меч од Лигата на шампионите, па Луис Енрике беше многу нервозен на прес-конференцијата.

Французите се актуелен европски шампион, па поразот од Спортинг тешко му падна на Луис Енрике.

„Мојата екипа ја заслужи победата бидејќи го одигравме најдобриот натпревар оваа сезона на гостински терен, но загубивме. Ова е неправедно и срамно, бидејќи во текот на целиот натпревар на теренот видов само една екипа. Бевме супериорни во однос на противникот. Тие се добра екипа и знаат да се бранат, но ние сме далеку подобри. Многу сум разочаран и во овој момент не можам да зборувам за натпреварот бидејќи фудбалот е ѓубре. Загубивме затоа што фудбалот е срање од спорт. Постојат неверојатни ноќи кога си тренер, но фудбалот знае да биде многу неправеден“, изјави Енрике.