Падна договор, Џеко се враќа во Германија!

Кратко траеше авантурата на Един Џеко во Фиорентина, босанскиот фудбалер повторно ќе игра во германскиот фудбал.

Неговиот нов клуб ќе биде Шалке. Тие се договориле со Фиорентина, а ги договориле и личните услови со Џеко.

Оваа недела Џеко ќе отпатува во Гелзенкирхен да ги мине медицинските тестови и да го потпише договорот.

Ова ќе биде враќање на Џеко во Германија бидејќи од 2007 до 2011 година го носеше дресот на Волфсбург.

Шалке оваа сезона игра во втората Бундеслига, во моментов е лидер на табелата со четири бода пред конкуренцијата, целта е враќање во најдобрата германска лига.