Барселона го избрка Тер Штеген, но мора да му исплаќа 90 отсто од платата!
Тренерот Ханси Флик повеќе не сметаше на неговиот сонародник, па Барселона реши да го избрка Тер Штеген од тимот, меѓутоа ќе мора да покрие дури 90 отсто од неговата плата.
„Мундо Депортиво“ објави дека Жирона ќе добие врвен голман за малку пари, но на него не може да смета во меѓусебната пресметка со Барселона на 15 февруари.
Тер Штеген ќе остане во Жирона до крајот на сезоната, а потоа се очекува да се врати во Барселона со која има договор до 2028 година.