Перез добил понуда од соништата за една од ѕвездите на Реал Мадрид

Шпанскиот гигант Реал Мадрид добил телефонски повик од Саудиска Арабија по што предизвика „земјотрес“ на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а станува збор за потенцијален трансфер на Винисиус Жуниор.

Еден од клубовите од С. Арабија ги контактирал „кралевите“ со намера да го купи Винисиус, а понудил дури 200 милиони фунти за трансферот на Бразилецот.

Првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез не размислувал премногу пред да ја одбие понудата со објаснување дека бразилскиот репрезентативец не е на листата за продажба во јануари.

Бразилецот веќе некое време се поврзува со заминување од Мадрид, но по потегот на Перез станува јасно дека Винисиус е еден од најважните членови на тимот.