Вакво нешто од Мбапе ретко се гледа: Погледнете што направи на 5-0 за Реал (ВИДЕО)

Килијан Мбапе во вчерашниот триумф на Реал Мадрид над Монако од 6-1 ја потврди оддличната форма со два постигнати гола и така дојде до бројката од 32 гола оваа сезона.

Сепак, нешто за што голгетерот на „кралевите“ се критикува е играта во одбрана, често пати медиумите и фановите во Шпанија го критикуваат дека не помага на своите соиграчи при нападите на противникот.

Но, вчера го покажа спротивното и тоа во моментите кога Реал го имаше решено натпреварот и водеше со 5-0.

Снимката од Мбапе како пожртвувано трча назад и се бори брзо стана вирална на социјалните мрежи, а за ваквиот потег доби пофалби.

Kylian Mbappé running and tracking back from opponent's box to the own box to try to stop the cross by Monaco.
byu/BlazingFirey insoccer