„Седмица“ на Јакимовски во победата на Тренто во Еврокупот

Maкедонскиот кошаркар Андреј Јакимовски имаше скромен учинок во тесната победа на Трето на гости кај Лиеткабелс од 94-93.

Јакимовски на теренот помина нешто повеќе од 25 минут во кои успеа да постигне седум поени, додавајќи три скока и две асистенции.

Најефикасен кај италијанскиот состав беше Џонс со дабл-дабл ефект од 24 поени, деесет асистенции и еден скок.

За Тренто ова беше вкупно деветта победа во Еврокупот со која дојде до четвртото место и втора во низа.