Падна договор, Џеко се враќа во Германија!
Неговиот нов клуб ќе биде Шалке. Тие се договориле со Фиорентина, а ги договориле и личните услови со Џеко.
Оваа недела Џеко ќе отпатува во Гелзенкирхен да ги мине медицинските тестови и да го потпише договорот.
Ова ќе биде враќање на Џеко во Германија бидејќи од 2007 до 2011 година го носеше дресот на Волфсбург.
Шалке оваа сезона игра во втората Бундеслига, во моментов е лидер на табелата со четири бода пред конкуренцијата, целта е враќање во најдобрата германска лига.