Барселона го избрка Тер Штеген, но мора да му исплаќа 90 отсто од платата!

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген конечно ја напушти Барселона и се пресели на позајмица во Жирона, каде што се очекува да биде прв голман и да добие минутажа пред настапот на Светското првенство (ЕП) ова лето.

Тренерот Ханси Флик повеќе не сметаше на неговиот сонародник, па Барселона реши да го избрка Тер Штеген од тимот, меѓутоа ќе мора да покрие дури 90 отсто од неговата плата.

„Мундо Депортиво“ објави дека Жирона ќе добие врвен голман за малку пари, но на него не може да смета во меѓусебната пресметка со Барселона на 15 февруари.

Тер Штеген ќе остане во Жирона до крајот на сезоната, а потоа се очекува да се врати во Барселона со која има договор до 2028 година.