Велковски: Притисокот нѐ изеде!
Македонската ракометна јавност се надеваше на полесен триумф над Романија, но нашите ракометари славеа во драматична завршница со гол на Костески пред истекот на времето.
Триумфот е многу важен, но надежта за второто место речиси и да исчезна.
„Го отворивме мечот во наш стил, со многу јака одбрана и брза транзиција, на стартот направивме разлика која ја одржужвавме во текот на целото прво полувреме, но потоа во второто полувреме притисокот не изеде, игравме понесигурно во нападот со многу прекини и на крајот се доведовме до проблематична завршница, но сепак нашиот карактер излезе на виделина и победивме во последната секунда“, изјави Велковски.