Херојот Костески: Сакавме поубедлива победа, но паднавме во второ полувреме!

Ненад Костески беше херојот за Македонија во денешниот триумф против Романија погодувајќи во последната секунда од натпреварот.

Костески вели дека на крајот сепак, треба да сме среќни и задоволни што на ова Европско првенство освоивме бод против Португалија и пбеивме со Романија, иако јасно е дека посакувавме да биде тоа поубедлив триумф.

„Имавме желба и се подготвивме за овој меч, го дадовме максимумот. Треба на крајот на денот да бидеме среќни и задоволни, успеавме да освоиме голем бод против Португалија, која знаеме каде заврши на претходното првенство.  Се потрудивме на што поглема разлика да славиме против Романија. Успеавме во првото полувреме, но потоа следеше пад. Сепак, оваа Македонија оди напред.

Кога во прашање пласманот во следната фаза, Костески е реален.

Не знам што да кажам, бидејќи Португалија е квалитетна репрезентација и речиси е невозможно да загуби со 18 голови. Ќе навиваме за Данска да слави со што е можно поголема разлика.