За Деле Али има надеж - го сакаат четири клубови од Ла Лига!
Според последните информации за Деле Али интерес покажале четири клубови од Ла Лига. Иако со 29 години би требало да биде на врвот на својата кариера, Али минува низ тежок период.
Од февруари 2023 година има само еден настап од клупата, а од неговата позајмица во турски Бешикташ поминаа речиси три години. Враќањето во Евертон не се одвиваше според планот поради проблеми со повреди, а клубот го отпушти по истекот на договорот во 2024 година.
Следеше изненадувачки трансфер во Ко́мо, но неговиот единствен настап за италијанскиот тим беше обележан со црвен картон, неколку месеци подоцна му беше раскинат договорот. Според порталот „Fichajes“, Али ја одржува формата со индивидуални тренинзи и привлекол внимание на четири клубови од највисокиот ранг на шпанскиот фудбал: Реал Овиедо, Севиља, Елче и Гетафе. Наводно, Реал Овиедо, кој се наоѓа на дното од табелата, прв стапил во контакт.
Клубот смета дека Али може да донесе искуство и да биде главна напаѓачка закана, и му нуди договор до крајот на сезоната со опција за продолжување. Севиља, пак, е во „деликатна финансиска ситуација“, но истражува можност за негово доведување. Како и Овиедо, тие предлагаат краткорочен договор кој би се продолжил доколку играчот покаже добри резултати на теренот.
Најдобрата понуда за Али наводно ја има Елче кој се бори за место во Европа и му нуди веднаш договор на две години и плата нешто под два милиони евра. За Гетафе нема информции, но се истакнува дека ја следи ситуацијата.