Слот има нова желба, Ливерпул тргнува по еден од најдобрите стопери во светот

Ливерпул ја изгуби битката со Манчестер сити за Марк Гуехи, а според информациите на Островот на „Енфилд“ веќе имаат нова мета и тоа е еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Според информациите на познатиот, Дејвид Орнштајн, желба на англискио гигант е Алесандро Бастони.

Бастони долго време е еден од најдобрите на својата позиција, меѓутоа Интер нема лесно да се откаже од него. Неговиот договор е со важност до 2028 година и сигурно дека ако Бастони замине тоа ќе биде за висока сума.

Островските медиуми веќе и шпекулираат дека првата понуда на Ливерпул би можела да биде 80 милиони евра.