Алкараз со убедлива победа тргна на Австралија опен - се потеше само во еден сет!

Денеска стартуваше првиот грен-слем турнир оваа година, Австралија опен, а прв од големите фаворити играше Карлос Алкараз кој е и прв носител.

Алкараз во првото коло играше со домашниот тенисер Адам Волтон, Шпанецот немаше големи проблеми да се пласира понатаму.

Првиот сет го доби со 6-3, но во вториот Волтон пружи сериозен отпор па тајбрејк одлучуваше кој ќе го добие сетот. Кога работата дојде до тајбрејк, Алкараз го крена нивото и го доби со 7-2 за 2-0 во сетови.

Во третиот сет Шпанецот беше најубедлив, беше подобар со 6-2.

Во следното коло Алкараз ќе игра против Германецот Ханфман кој со 3-1 беше подобар од американскиот тенисер Свајда.

Денеска на теренот беше и третиот носител Александар Зверев кој со 3-1 го победи Габриел Диало од Канада.

Канаѓанецот го доби првиот сет во тајбрејк, а потоа следуваа три лесни сета на Зверев, 6-1, 6-4 и 6-2.