Македонија има една од најниските постави на Европското првенство, Хрватите највисоки
На стартот, нашите ракометари доживеаја пораз од Данска која покажа фантастична игра. Интересно е тоа што Данците, во просек, се поробусни од македонските играчи, но сепак одиграа далеку побрзо и атрактивно.
Најновиот преглед покажува дека Данска има втор највисока постава на Европското првенство, со просек од 193,6 сантиметри. Пред неа е само Хрватска со точно еден сантиметар повеќе, а во топ-5 има уште една репрезентација од нашата група - Романија која е петта со 192,8 сантиметри.
Македонија има еден од најниските тимови на ова првенство, со 191,1 сантиметар е во последната третина, но сепак пред следниот ривал, Португалија чија просечна висина изнесува 190,6 сантиметри. Најниска е репрезентацијата на Фарски Острови, далеку зад сите со 183,3 сантиметри.