Шкендија го дозна противникот во нокаут фазата од КЛ!

Фудбалерите на Шкендија на денешната ждрепка го добија противникот во нокаут фазата од Конференциската лига.

Тетовци имаа две опции, Лех Позњан и Самсунспор, а на крајот ждрепката сакаше да играат со екипата од Tурција.

Првиот натпревар против Самсунспор Шкендија ќе го игра на 19-ти февруари, додека реваншот е закажан за седум дена подоцна.

Ќе потсетиме, ШкендијA со пласманот во нокаут фазата стана првиот тим од Македонија кој стигнал до ова фаза.