Во соблекувалната на Реал било како на погреб, никој не кажал ни збор!
Шпанските медиуми пишуваат дека по мечот во соблекувалната на Реал Мадрид била комплетна тишина. Никој ништо не зборувал.
Само се слушал гласот на Арбелоа кој им кажал на фудбалерите дека поразот е негова вина, ја преземал одговорноста и се обидел да ги крене.
На прес-конференцијата Арбелоа исто така рече дека поразот е негова вина.
„Поразот е моја вина. Сакам да им се заблагодарам на сите мои фудбалери. Уште верувам дека тимот кој го имав на теренот беше одличен. Моите фудбалери се фантастични, исклучителни играчи. Сето ова е моја вина, не е нивна“, рече Арбелоа.
„Мојот приоритет сега е да ги вратам фудбалерите повторно во добра атмосфера. Неуспехот е пат до победа. Имаме уште за два важни трофеи да се бориме, Ла Лига и Лигата на шампионите“.
„Во животот сум имал и поголеми неуспеси и порази отколку овој. Фудбалерите го дадоа најдоброто. Им кажав дека не можам да ги обвинам за ништо. Тие имаа одличен однос на теренот и дадоа се од себе за да победиме“.