Крстовски го „налути“ Трабзонспор! (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач, Марио Крстовски беше стрелец на мечот од Купот на Турција меѓу Истанбулспор и Трабзонспор кој гостите го добија со 6-1.

Нашиот напаѓач постигна убав гол со глава во 29. минута и му донесе водство на Истанбулспор, но тој погодок само како да го налути Трабзон кој потоа даде дури шест погодоци.