Каков татко, таков син: Ајакс се пофали со Максимилијан Ибрхаимовиќ (ФОТО)

Eкипата на Ајакс денеска го промовираше синот на Златан Ибррахимовиќ, Максимилијан кој така тргна по стапките на својот славен татко.

Ибрахимовиќ првпат во европскиот фудбал блесна токму во холандскиот гигант, а сега неговиот син стави потпис на договор за позајмица на шест месеци, Ајакс ќе има опција на крајот од сезоната и да го откупи од Милан.

Според информациите кои ги објави Фабрицио Романо цената на откупот, ако се случи ќе биде 3.5 милиони евра. Милан исто така договорил и процент од неговата следна продажба.