Комедија во Мелбурн: Австриец заборави на правилата, предвреме прослави и на крај - загуби! (ВИДЕО)

Една неверојатн сцена беше забележана во квалификациите за Австралијан опен, а во главна улога се најде австрискиот тенисер Себастијан Офнер.

Во полуфиналето од квалификациите за првиот грен-слем во сезоната, Офнер доживеа еден од најбизарните порази во историјата, откако прерано ја прослави победата, заборавајќи на основното правило на тај-брејкот во одлучувачкиот сет.

Во мечот против Американецот Нишеш Басаваради, Офнер поведе со 7-1 во третиот сет и, убеден дека натпреварот е завршен, ги крена рацете во воздух и тргна кон мрежата, дури и покажувајќи со прст кон главата во знак на самодоверба.

Сепак, одлучувачкиот тај-брејк во последниот сет на Австралијан опен се игра до 10 поени, што значи дека на Офнер му беа потребни уште три поени за победа, грешка што скапо го чинеше.

Грешката ја сфати дури по краткиот разговор со судијата, но тогаш веќе беше предоцна. Басаваради го искористи моментот на целосен психолошки пад кај противникот, освои осум од следните девет поени и го комплетираше големиот пресврт со резултат 4-6, 6-4, 7-6 и така избори пласман во финалето од квалификациите.