Канте веќе преговара, блиску е до враќање во Европа
Имено, Фенербахче кој неодамна го доведе Матео Гендузи наводно е многу блиску до договор и со уште едно големо засилување во средниот ред.
Наводно, Канте прифатил значително пониска плата во однос на 480.000 евра неделно колку што добивва во Ал Итихад во овој момент. Информациите од Турција се дека токму трансферот на Гендузи бил една од причините да прифати преговори бидејќи верува во проектот на гигантот од Истанбул.
Во текот на актуелната сезона, Канте одигра 22 натпревари и постигна еден гол за саудискиот тим.