Германски кошаркар останал без плата зашто пробал да го тепа – Лука Дончиќ (ВИДЕО)

Челниците на НБА-лигата му изрекоа суспензија од три натпревари без плата на бекот на Сакраменто Кингс, Денис Шредер, поради инцидент и обид за физички напад врз Лука Дончиќ по поразот од ЛА Лејкерс во во мечот одигран во Лос Анџелес на 28 декември.

Инцидентот му претходеше на тензичен дуел на теренот, кој Лејкерс го добија со 125-101. За време на натпреварот, Дончиќ и Шредер во повеќе наврати влегоа во вербални расправии, а кулминацијата се случи за време на тајм-аут, кога словенечкиот ас го испровоцира противникот со коментар дека „требало да го потпише тој договор“, алудирајќи на богатата понуда за продолжување на соработката вредна 82 милиони долари, која Шредер пред неколку години ја одби од Лејкерс.

Иако изгледаше дека тензиите се смирија по завршувањето на мечот, драмата продолжи околу 40 минути подоцна. Според извештајот на НБА, Шредер ја напуштил гостинската соблекувална во и во тунелот го побарал Дончиќ, при што му се пожалил дека не може на терен да го нарекува „кучка“, а надвор да се однесува како ништо да не се случило, по што се обидел физички да го нападне.

@bleacherreport Luka Dončić is the player Schröder “attempted to strike”, per Chris Haynes. The two exchanged words throughout the game. (via michaelmorales10/IG, @LakersAllDayEveryday) #nba #basketball #nbabasketball #lakers #lukadoncic ♬ original sound - bleacherreport

Потешка тепачка била спречена благодарение на брзата реакција на присутните. Центарот на Лејкерс, Деандре Ејтон, се обидел да го одвлече Шредер, додека обезбедувањето интервенирало за да ги раздвои играчите. Затечениот Дончиќ се обидел да се дистанцира од инцидентот и на крајот ја напуштил салата во друштво на својот татко, Саша Дончиќ.

Шредер бил спроведен до клупскиот автобус, каде што тренерот на Кингс, Даг Кристи, и неколку соиграчи побарале објаснување за неговото однесување. Поради суспензијата, германскиот бек ќе ги пропушти следните три натпревари, меѓу кои и наредниот дуел против Лејкерс, овојпат во Сакраменто.