Ѓорческа против четвртата носителка на стартот од квалификациите на Австралија опен!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, утре ќе го почне настапот на првиот гренслем-турнир во сезоната, откако за противничка ја доби ќе биде четвртата носителка во квалификациите, 23-годишната Австријка, Сиња Краус, која моментно се наоѓа на 108. позиција на ВТА-листата.

Дуелот е закажан како последен на теренот број 12, што значи дека ќе се одигра во попладневниот термин по локално време во Мелбурн, односно во утринските часови по македонско време. Ѓорческа веќе неколку дена престојува во Австралија, каде што се адаптираше на специфичните услови и високите температури, кои во одредени делови од денот надминуваа 40 степени и претставуваат дополнителен предизвик за сите учесници на турнирот.

За македонската тенисерка ова ќе биде трет настап во квалификациите на Австралија опен, а најдобриот резултат го оствари во 2017 година, кога стигна до третото квалификациско коло и беше на чекор до пласман на главниот турнир. Самиот настап во квалификациите во Мелбурн ѝ носи награда од 40.000 австралиски долари.