Алкараз во два сета го совлада Синер во „загревањето“ пред Австралијан опен

Двајцата најдобри тенисери во светот, Карлос Алкараз и Јаник Синер се соочија во натпревар кој служи како „загревање“ пред почетокот на Австралијан опен.

Алкараз во текот на првиот сет имаше неколку брејк топки, но првата ја искористи дури во 12. гем кога му го одзема сервисот на Синер за победа од 7-5.

Шпанецот повторно играше подобро од својот ривал во вториот сет и пропушти неколку брејк-шанси, по што победникот се решаваше во тај-брејк, каде што Алкараз беше подобар со 8-6.

Алкараз и Синер за натпреварот во Јужна Кореја ќе си добијат по два милиони евра.

Фото: EPA