Tиквеш испрати млад фудбалер на позајмица во Турција

Eкипата на Тиквеш денеска потврди дека младиот и талентиран фудбалер Ѓоко Спасов заминува на позајмица во Турција.

Спасов кој има 19 години во наредните месеци ќе настапува како позајмен фудбалер за екипата на Шерик Спор Футбол од Анталија.

„Нашиот младинец Ѓоко Спасов пролетниот дел го продолжува во Турската втора лига како позајмен фудбалер на  Шерик Спор Футбол од Анталија“, инфоррмираше клубот од Кавадарци.

Во есенскиот дел од сезоната за првиот тим на Тиквеш, Спасов настапи на пет натпревари.