Еуфорија меѓу навивачите на Реал Мадрид – Мбапе ќе игра против Барселона!
„Кралскиот клуб“ ќе има можност да се бори за нов трофеј откако во полуфиналето беше поуспешен од Атлетико Мадрид, додека каталонскиот ривал до финалето стигна преку Атлетик Билбао. Финалниот дуел има дополнителна тежина, бидејќи станува збор за првото „Ел Класико“ во 2026 година. Францускиот ас ги пропушти последните натпревари, вклучувајќи ја победата над Бетис и градското дерби со Атлетико, поради проблем со левата нога. Сепак, ситуацијата оди во посакуван правец, што го потврди и тренерот Чаби Алонсо.
„Мбапе е во многу подобра состојба. Тренираше и реакциите се позитивни. Во моментов има исти шанси за настап како и сите други фудбалери што се на располагање“, истакна Алонсо.
Можното враќање на Мбапе би било голем плус за Реал Мадрид, особено во натпревар од вакво значење и интензитет против најголемиот ривал, Барселона. Конечната одлука за неговиот настап се очекува непосредно пред финалето, но сигналите од стручниот штаб оставаат простор за оптимизам.