Денвер се врати дома - и доживеа дебакл (ВИДЕО)
Без Никола Јокиќ, но и Џамал Мареј, тимот доживеа тотална катастрофа откако загуби од Атланта Хоукс со 87-110 што е шести пораз во последните десет натпревари. Гостите со две раце ја прифатија лошата ситуација во противничниот тим и лесно дојдоа до победата, прва во пост-Јанг ерата во екипата.
Денвер некако се одржуваше во игра во првите три четвртини, но во последните 12 минути Атланта постигна 36 поени, а прими само 12 и тука го одлучи победникот. Џејлен Џонсон беше најефикасен играч со 29 поени, но Дајсон Даниелс оствари трипл-дабл со 17 поени, 11 скока и 10 асистенции. Александар Вокер постигна 22 поени, додека Оњека Оконкво додаде 15.
Вотсон беше најефикасен играч во Денвер со 25 поени и 11 украдени топки, Гордон додаде 14, Зек Наџи 12, додека Хантер Тајсон и Хардавеј Џуниор постигнаа по 10.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон - Торонто 125-117
Орландо - Филаделфија 91-103
Вашингтон - Њу Орлеанс 107-128
Бруклин - ЛА Клиперс 105-121
Мемфис - Оклахома 116-117
Денвер - Атланта 87-110
Феникс - Њујорк 112-107
Голден Стејт - Сакраменто 137-103
Портланд - Хјустон 111-105
ЛА Лејкерс - Милвоки 101-105