Флик ја најде замената за Левандовски - гол машината од Борусија Дортмунд

Роберт Левандовски многу веројатно ќе ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона, а Ханси Флик како прв тренер сигурно самиот ќе го избере фудбалерот кој треба да го замени Полјакот.

Од Германија стигнуваат информации дека трофејниот стручњак веќе ги пренел своите желби до клубот, а тоа е за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серху Гираси. Тој беше најдобар стрелец во претходното издание на Лигата на шампионите, изедначен со Рафиња, покажувајќи дека може да игра на највисоко ниво. Станува збор за силен играч, стрелец, доминантен во воздухот и фудбалер знае како да игра со грб кон голот, профил што Ханси Флик го смета за идеален за Барселона.

Покрај тоа, постои јасен пат за негово заминување: има откупна клаузула од 65 милиони евра, која важи за клубови како Барселона. Нема потреба да се преговара со Дортмунд; би било доволно да се активира клаузулата.

Проблемо во целата ситуација е размислувањето на спортскиот директор Деко кој не се согласува со тоа дека Гираси е фудбалер за Барселона. Проблем за него е возраста на напаѓачот кој има 29 години, а Португалецот инсистира на помлад фудбалер.