Понуда која тешко се одбива: Ал Хилал нуди 100 милиони евра за ѕвезда на Барселона

Барселона доби понуда која тешко би можела да ја одбие, а истата пристигна од Ал Хилал кој е заинтересиран за услугите на бразилскиот репрезентативец Рафиња.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона е свесна за намерата на Ал Хилал, кој повторно се обидува да го добие Рафиња, откако претходно не успеа.

Каталонскиот гигант треба да добие 80 милиони евра веднаш, плус 20 милиони евра низ бонуси, па дефинитивно таа сума ќе ги „закрпи дупките“ кои ги има Барселона во касата.

Саудискиот тим сака со овој потег да ја надополни празнината која се создаде со заминувањето на Нејмар.

Фото: Facebook/Barcelona