Французите загрижени: Реал ризикува потешка повреда на Мбапе
Иако се работи за најмалку значајно натпреварување, сите во „кралскиот клуб“ очајно посакуваат да го освојат бидејќи се работи за дуел со најголемиот ривал Барселона од кого минатата сезона доживеаја четири порази и не успеаја да освојат ниеден трофеј. Сега Мбапе е повреден и на 31 декември беше објавено дека го очекува тринеделна пауза, но само 11 дена подоцна, постојат шанси тој не само да игра, туку да биде стартер против Барселона.
Францускиот Лекип, повикувајќи се на извори од Шпанија објави дека медицинскиот тим на Реал Мадрид наводно има намера да му даде на Килијан Мбапе лекови против болки директно во коленото (популарни блокади), само за привремено да го „подготви“ за финалето на Суперкупот. Овој весник верува дека лекарите на мадридскиот клуб ризикуваат посериозна повреда на Мбапе и го сметаат тоа за лудо. Очигледно, поради големи проблеми со формата и достапните играчи, Реал сака да оди „сè или ништо“ против Барса и е подготвен да преземе максимални ризици.
Мбапе не сака да презема ризик и да игра, но од друга страна, силно е мотивиран да го освои првиот трофеј во шпанскиот фудбал со Реал откако лани остана со празни раце. Реал во финалето најверојатно ќе биде без Ридигер и Родриго, а особено отсуството на Бразилецот му создава големи главоболки на Чаби Алонсо кој така останува без квалитет во нападот. Се ќе се знае вечерва, по тренингот на тимот кој почнува во 20 часот по средноевропско време.