Вистинско чудо од дете: Има само 18 години, а е највреден во светот со 343 милиони евра

Фудбалерот на Барселона, Ламине Јамал е највреден играч во светот, бидејќи шпанскиот репрезентативец има пазарна вредност од 343,1 милиони евра, објави Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).

Второто место на листата на 100 најскапи фудбалери во светот го зазема напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд чија вредност е 255,1 милиони евра. Трет на листата е суперстарот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе (201,3 милиони евра), четврти е неговиот соиграч Џуд Белингам (153,1 милиони евра), додека на петтото место е фудбалерот на Баерн Минхен, Михаел Олис (136,9 милиони евра).

Реал има најмногу фудбалери меѓу топ-10 највредни во светот – тројца, ПСЖ и Барса имаат по двајца, а Манчестер Сити, Баерн и Ливерпул по еден.