Поранешен југословенски репрезентативец призна: Си палев по еден џоинт пред секој меч (ВИДЕО)

Некогашниот репрезентативец на Југославија и Србија и Црна Гора, Дејан Котуровиќ во подкастот „Јао Миле“ зборуваше за своите искуства со марихуаната за време на тренинзите и натпреварите.

Котуровиќ играше за генерацијата што освои злато на Светското првенство во 2002 година, а играше и за Партизан, Улкерспор, Алба Берлин, Виртус Болоња и Басконија.

„Таа полусезона во Алба, се спасив, спонтано, сосема случајно. Имав повреда и почнав да пушам по еден џоинт секој ден со моите пријатели, гледам сè подобро и подобро. За само една недела се опоравив од повредата. И продолжив да пушам, знаете, ми се допаѓаше, ми го подобри расположението, дури ми даде и доза на креативност на теренот... Експериментирав и пушев по еден џоинт пред тренинг или натпревар.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @jaomile_podcast

Немав многу искуство со џоинт кога имав 25 или 26 години, но тогаш пушев секој ден, како што појадував, ручав и вечерав. И се забавував и играв добро, и создадов подобра атмосфера во соблекувалната и на теренот. Измислив неколку игри за време на загревањето, знаете, играме кошарка еден против сите. Канабисот е лековито растение, тоа е докажано. Трамп потпиша пред некој ден дека канабисот официјално станал лек во медицината. И ви дава и сила. Сега е само прашање дали некој има искуство со него или не“, призна Котуровиќ.

Српскиот кошаркар пред нешто повеќе од една деценија имаше и проблеми со законот и тоа на границата меѓу Македонија и Грција. Возилото кое го управувал било украдено, тој не знаел за тоа, па помина околу еден месец во затвор во Македонија.