Возачот на Џошуа е обвинет за сообраќајната несреќа!
Тој е обвинет за предизвикување на смрт со опасно возење.
Несреќата се случи во понеделникот на 29. декември. Џошуа со својот тим патуваше со автомобил во Нигерија, а според првите информации возачот со голема брзина се обидел да престигне друго возило, во тој момент се дупнала гума, поради што возачат ја загубил контролата и се удрил во нелегално паркиран камион.
Ударот бил толку силен што двајцата од тимот на Џошуа кои седеле од десната страна на автомобилот, загинаа.
Кајоде Аденији, возачот и долгогодишен член на логистичкиот тим на Џошуа во Нигерија бил веднаш пренесен во болница. А веднаш откако бил отпуштен полицијата го привела и го однела на испитување. Против него е покренато обвинение и се терети за повеќе прекршоци вклучително и предизвикување на смрт со опасно возење.
Возачот возел значително повеќе од 200 километри на час колку што било дозволено.