Хрват направи сензационален трансфер – од четврта германска лига до тим што игра во ЛШ!

Белгискиот шампион Ројал Унион го договори трансферот на Матео Биондиќ (22), напаѓач со хрватско потекло кој досега настапуваше во четвртата германска лига, пренесува италијанскиот новинар, Фабрицио Романо.

Тој сезонава одигра 17 натпревари за Ајнтрахт Трир во четвртата лига на Германија, на кои постигна седум погодоци и запиша пет асистенции. Може да настапува како централен или крилен напаѓач, но и како офанзивен играч од средниот ред. Роден е во Германија и поседува германско и хрватско државјанство. Со овој трансфер, младиот офанзивец прави голем чекор во кариерата – од полупрофесионална лига до клуб кој настапува во Лигата на шампионите и кој се бори за титулата во Белгија.

Ројал Унион е познат по стратегијата да ангажира фудбалери од пониски или помалку атрактивни лиги и постепено да ги развива во клучни играчи, а токму таква шанса ќе добие и Биондиќ во белгискиот шампион.