Милан се засили од германски фудбалер од Вест Хем – го добија на позајмица!
Во договорот е вклучена и опција за откуп, чија вредност се движи меѓу 13 и 14 милиони евра, но таа не е задолжителна. Германскиот напаѓач на „Сан Сиро“ ќе го носи дресот со број 9, а се очекува веднаш да биде во конкуренција за настап, почнувајќи од вечерашниот натпревар против Каљари, иако ќе стартува од клупата.
Фулкруг, кој следниот месец ќе наполни 33 години, го напушта лондонскиот клуб по скромна минутажа оваа сезона – 413 одиграни минути без постигнат гол, што беше една од причините за неговата одлука да побара нова средина. Според информациите на Фабрицио Романо, искусниот напаѓач претходно одбил две понуди од клубови од Германија, одлучувајќи се за продолжување на кариерата во Серија А.