Руските спортисти ќе може да настапат на ЗОИ 2026, но без – знамето на државата!

Руските спортисти нема да можат да настапуваат под националното знаме на Зимските олимписки игри (ЗОИ) годинава во Милано–Кортина , ниту да ја претставуваат Русија, дури и во случај да се постигне мировен договор со Украина, изјави претседателката на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри.

Таа во интервју за италијански медиуми истакна дека во овој момент нема околности што би ја промениле одлуката на МОК, според која на руските спортисти им е дозволено учество исклучиво како индивидуалци што се натпреваруваат во свое име. МОК ги суспендираше Русија и Белорусија по инвазијата врз Украина во февруари 2022 година, а во септември донесе одлука спортистите од двете земји да настапуваат на ЗОИ во Милано–Кортина без знаме и химна.

Ковентри, која е првата жена на чело на ИОК, оцени дека моделот на организација на Олимписките игри во повеќе градови, како што е случајот со Италија, може да стане „нова нормалност“, додавајќи дека Милано–Кортина ќе понуди важни насоки за идните домаќини.

Зимските олимписки игри во Милано–Кортина ќе се одржат од 6 до 22 февруари оваа година.