Навивачите на Еспањол подготвуваат пекол на „Јудата“ Гарсија - направија и пари со неговиот лик (ФОТО)

Утре, во рамките на 19. коло од Ла Лига, на програмата е каталонското дерби во кое Еспањол ќе ја пречека Барселона.

За разлика од претходните години кога двете екипи беа на различни страни од табелата, сега се наоѓаат во топ-5 со тоа што Еспањол е во одлична форма и со пет победи по ред. Сепак, тоа не е многу важно бидејќи во центарот на вниманието секако ќе биде голманот на Барса, Жоан Гарсија.

До минатата сезона тој го бранеше голот на Еспањол, но летоска направи сензационален трансфер во Барселона и навивачите на неговиот поранешен клуб уште не можат да го преболат тоа. Утрешниот дуел ќе биде прва нивна средба со Жоан Гарсија и му подготвуваат пеколен пречек. Со дел да не дојде до поголеми инциденти, Еспањол одлучи зад головите да постави мрежи и на тој начин да го заштити Гарсија, но голманот тешко дека ќе има мир на Корнеља Ел Прат.

Покрај целото сценарио на навреди, навивачите на Еспањол изработија и банкноти со ликот на голманот на кои напшиаа „Јудата Гарсија“. Пречекот на поранешниот голман многу веројатно ќе биде сличен на оној на Луис Фиго во Барселона пред четврт век.